еМагазин
Image default
Бизнис

Остра реакција на четирите комори: Не се слушна гласот на бизнис-заедницата за предлог-законот за данок на личен доход

Предлог-законот за данок на личен доход влезе во собраниска процедура пред истекот на рокот за забелешки на ЕНЕР (Единствен национален електронски регистар на прописи на РМ).

Бизнис заедницата остро реагира дека не само што не се послушани нивните аргументи против новите даночни решенија, туку не е испочитуван рокот за доставување на забелешките.

Стопанските комори во Македонија (Стопанска комора на Македонија, Стопанската комора на северо-западна Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Сојуз на стопански комори) како дел од Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива, заеднички реагираат дека со овој потег се нарушува партнерскиот однос помеѓу јавниот и приватниот сектор како клучна алатка за постигнување на поволен деловен амбиент кој ќе овозможи предвидливост, стабилност и ќе резултира со економски раст во Република Македонија.

Стопанските комори на Македонија како дел од Проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива„ организирани во Платформата за Јавно приватен дијалог каде нивен партнер е токму Владата, во септември годинава излегоа со став  дека реформата во даночната политика треба да се одложи за минимум пет години.

Ваквиот заеднички став резултираше по направените детални анализи, бројни анкети со бизнис секторот и реализирани работни средби со компаниите.

„Ваквиот вид на ад-хок измени не и одат во прилог на држава која изминатите неколку години ги помина во правна несигурност и економска криза, заради што целокупната економија беше ставена пред предизвик на опстанок”, се вели во заедничкиот став на стопанските комори кои и покрај тоа што навремено и аргументирано укажаа на негативните ефекти од овие реформи и истите во септември ги доставија до сите релевантни државни институции, сепак гласот на бизнис заедницата не беше слушнат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Макпромет“ оствари добивка од 8,7 милиони денари за три месеци

Редакција

„Мотиви“ го доби тендерот на општина Кавадарци за привремени вработувања вреден 210.000 евра

Редакција

Цената на струјата нема да се менува до крајот на годинава, рано е да се предвиди што после 1 јануари, вели Бислимоски

Редакција