еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Осум дена притвор за сопственикот на порталот „Доказ“

Прифатен е предлогот на Основното јавно обвинителство кое бараше притвор за сопственикот на порталот “Доказ“, Марјан Стаменковски, осомничен за четири дела – ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело и злоупотреба на лични податоци.

Како што информираат од Кривичниот суд во Скопје, на осомничениот му е одреден притвор од осум дена.

По барање на ОЈО-Скопје, а врз основа на наредба од судија на претходна постапка, синоќа е извршен претрес во домот каде престојувал осомничениот, како и пребарување на компјутерски систем и компјутерски податоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кај сопственикот на порталот „Доказ“ запленета поголема сума пари, вмешана и истражителка: За што се го сомничи Обвинителството

Претрес во домот на сопственикот на порталот „Доказ“, запленети пари, компјутери, телефони

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минималната плата од март ќе изнесува 22.500 денари

Редакција

Во Дебар 18 новозаразени со Ковид-19, најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата

Редакција

Милчо Манчевски сподели фотографија која го доловува „дното“ на Македонија

Редакција