Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција информираше дека на Клиниката за инфективни болести во Скопје се хоспитализирани 64 пациенти.
Во изминатите 24 часа примени се шест нови пациенти.
Осум се со потешка клиничка слика, а неколку пациенти се во сосема добра состојба и тие ќе се тестираат во следните неколку денови со цел да се анализираат состојбите и доколку се негативни во два наврата ќе бидат испишани.
Тој информираше и дека веќе започнало тестирање за 11 од вкупно 28 пациенти кои се наоѓаат на домашно лекување во Дебар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доктор од Психијатриската болница во Демир Хисар позитивен на коронавирусот
Нова веб-страница на која може да се добиваат информации за корона вирусот
Коронавирусот, сепак, не е дел од теориите на заговор