Работникот во Комуналец затоа што фрли прашина во Вардар, која by the way е одамна сериозно загадена, не доби ни опомена, ни намалена плата, туку веднаш експресен отказ.
Во ред е да биде казнет затоа што не ја извршувал работата како што треба, но дали тоа е вистинската одлука на надлежните во Комуналец. Што ќе прави сега овој човек, кој се радувал и на мизерната плата која ја земал за да секој ден го чисти нашето ѓубре? Од што ќе живее неговото семејство? Или тоа не е важно, бидејќи не е пратеник, не е министер, не е од директорска фамилија, не е партиски послушник…
Од друга страна дали сте слушнале да биде затворена некоја фабрика која испушта само еден Бог знае какви хемикалии во Вардар, или да биде некој казнет што фрлил фрижидер или градежен шут во најголемата река во Македонија или во Брегалница?
Работава е неможеш по магарето, удри по самарот. Класична приказна од нашето секојдневие со децении.
Тие што не прават ѓубре сите нас, секој ден, уште се на истите на работни места и влакно не им фали, иако одамна се најавува нивно метење.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Хигиеничарот од „Комунална хигиена“ кој фрлаше отпад во Вардар, доби отказ