еМагазин
Image default
Локално

Отсечени селата во Струмичко: Тешко проодни регионалните и локалните патишта

Снегот кој паѓа од вчера во Струмица ги отсече селата Попчево, Рич, Белотино и Орманли. До нив единствено може да се стигне со специјално возило или трактор, информираат од Центарот за известување.

И регионалните патни правци Струмица-Берово и Струмица-Валандово се тешко проодни, иако официјално не се затворени за сообраќај. Не се препорачува тргнување на пат кон овие правци доколку граѓаните немаат потреба.

Вчера патниот правец кон селата Попчево, Рич и Белотино ги расчистуваше градежна механизација, која и денеска ќе продолжи со чистење.

Од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека интензивно се работи на чистење на снегот од патиштата, улиците, тротоарите и другите јавни површини.

-Зимската служба на „Комуналец“ од денес е излезена на терен и со постојната механизација се отстранува снегот на главните сообраќајници, периферните делови на градот, посебно во горниот дел на градот. Технички се подготвени возилата за рапрскување на солта, подготвени се две мали возила за расчистување на тротоарите, а набавени се 30 тони сол и 25 тони ризла, информираа од ова јавно претпријатие.

За земјоделците снежната покривка е добредојдена за есенските посеви на отворено, додека проблем може да претставува за пластениците и фолиите на кои се наталожува снегот.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија мрзне: Студеното време продолжува до средина на наредната недела

Детали за сообраќајот по патиштата: Снегот го отежнува движењето

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ја бодел со штрафцигер за да и украде пари и метадон

Редакција

Полицајци спречиле велешанец да опожари казино

Редакција

Младо момче загина, а тројца се повредени во сообраќајка на патот Крива Паланка-Ранковце

Редакција