еМагазин
Image default
Бизнис

Отворен Балкан ќе биде интерес за бизнисот, макар и да останат само две земји, вели Азески

Синоќа, во тема на денот, на телевизијата Euro news Србија, гостуваше претседателот на Стопанска комора, Бранко Азески, заедно со Ненад Ѓурѓевиќ, советник на претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС), кадешто се анализираше вчерашната расправа на „Open Balkan“ форумот, информираат од Комората.

-Ние со 18,5 милиони жители, шест земји од Западен Балкан, пред почетокот на пандемијата имавме 111 милијарди БДП. Чешка со 10,7 милиони жители има 215 милијарди. Што сакаме повеќе како причина да почнеме да се приближуваме и да почнеме нешто конкретно да работиме? 30 години ни беа потребни. Нека се отворат границите за бизнисмените, овде се работи за бизнис, не за политика, рече Aзески.

Министерот за градежништво, сообраќај и инфраструктура, Томислав Mомировиќ посочи дека создавањето на единствениот пазар, почитувајќи ги сите различности, не е веќе идеализам, туку реалност и потреба на бизнисот.

Момировиќ е еден од двајцата сопственици на познатиот бренд „Мона“, кој покрај модната индустрија, ја разви и туристичката дејност. Има 39 години, успешен стопанственик и министер на еден од најважните ресори во Владата на премиерката Ана Брнабиќ.

Ненад Ѓурѓевиќ, како конкретна придобивка од овој процес, ги посочи спогодбите потпишани меѓу трите земји, Србија, Македонија и Албанија, во областа на земјоделството, слободниот пазар на труд и интегрираните системи за електронски услуги.

Посочено беше дека граѓаните од овие зеемји можат да поминуваат граница со лична карта, а на следниот самит на Отворен Балкан, што ќе се одржи во Македонија, ќе започне процесот на издавање единствени идентификациони картици со кои работниците од трите земји на Отворен Балкан би имале пристап до сите пазари.

Во заклучните согледувања, како да се соочиме со отпорот за реализација на оваа иницијатива, Азески истакна дека, како што во градежништвото постојат три важни работи: локација, локација и локација, така во овој процес постои потреба од имплементација, имплементација и имплементација. Макар и на две или три битни прашања.

Берлинскиот процес, „Отворен Балкан“ и евроинтеграциските процеси на сите земји кои се дел од овие иницијативи се комплементарни, а не спротивставени процеси и претставуваат чекор напред кон придобивките од регионалното економско поврзуваање, како клучен приоритет, беше заклучено на Форумот.

Фото: Стопанска комора

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Акции со најголем пораст и пад на вредноста на Македонската берза

Редакција

Одземена лиценцата на „Беса Травел“

Редакција

Помалку продажби и закупи на имот, а повеќе хипотеки во последниот квартал од 2020

Редакција