еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Отворени електронски адреси за пријавување врсничко насилство

Министерството за образование и наука (МОН) денеска ги почна консултациите за креирање мерки и надополнување на постоечките механизми за детекција и спречување на врсничкото насилство, промена на пристапот за работа со деца со асоцијално однесување и за работа со нивните семејства.

Иницирано е отворање на електронски адреси каде младите, родителите и граѓаните ќе можат да пријавуваат врсничко насилство: [email protected] и [email protected] .

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска на прес-конференција соопшти дека адресите се веќе активни и најави дека по секоја пријава веднаш ќе се постапува.

-На моја иницијатива денеска имавме дискусија со повеќе академски професори и експерти од областа на педагогијата, психологијата, социологијата, безбедносните науки, со цел да дискутираме што е тоа што можеме да го интегрираме во нашиот образовен систем, за да превенираме несакани настани како во соседна Србија.

Ова е сериозен предизвик за сите нас, имавме плодна дискусија и сите сме согласни дека промени мора да се случуваат, затоа што новото време ја менува динамиката на живот, се менуваат трендовите, се менува однесувањето на младите. Овие предизвици бараат и соодветен одговор, изјави Шаќири.

Ако се увиди потреба, како што рече Шаќири, ќе се направат и законски измени во системот за образование.

Посочи дека во рамки на постечките механизми за справување со меѓуврсничко насилство и девијантни однесувања на децата и младите, делуваат стручните служби во училиштата, педагошката служба и Просветниот инспекторат, а МОН соработува со МВР.

Процесот на креирање мерки за јакнење на воспитно-образовниот систем за справување со насилство, како што најави, ќе биде инклузивен и во него ќе бидат вклучени повеќе институции и поединци. Со цел вклучување на сите засегнати министерства, ќе следат и средби со Министерството за труд и социјална политика, МВР и Министерството за здравство.

Според социологот Татјана Стојаноска Иванова, потребна е заложба од секого за да се изгради вистинска стратегија за борба против врсничкото насилство.

-Клучното е што сите профили коишто се значајни за борба против насилството меѓу врсничкиот булинг се присутни. Сите ќе дадат свој придонес во изготвување на прирачници, стратегија, но и протоколи за борба против меѓуврсничкото насилство, рече Стојаноска-Иванова.

Кај нас, вели Стојаноска-Иванова, уште е табу тема да се побара психолошка помош.

– Како социолог заедно со колегите правиме истражување. Не сме свесни што се што случува на терен. Стравот и традиционализмот и страв дека ако побарам помош, ќе бидам обележан. Да не ги стигматизираме веќе. Имавме примери каде што родителот вели – моето дете не е предмет, а знаеме какви последици има детето. Зошто? Затоа што вели – кој утре ќе стапи во брак со неа. Тие табуа и стереотипи да ги надминеме. Секако потребно време, ништо преку ноќ не се прави, вели Стојаноска-Иванова.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Куќен притвор за „Рекет“ за Јасна Мандиќ, потпретседателката на Меѓународниот сојуз на Боки 13

Редакција

Паника во Италија: Изолирани 11 села поради коронавирусот

Редакција

(Видео) „У македонском ресторану“, песна во која се опева Македонија и значајни Македонци, хит во регионов

Редакција