еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Ова е посебен Велигден и значаен момент во македонската црковно-национална меморија, вели Ковачевски

Непосредното пренесување на Благодатниот оган во земјава е уште еден значаен момент во македонската национална и црковна меморија, што го прави посебно овогодишното чествување на најголемиот христијански празник, Христовото Воскресение – Велигден, порача премиерот Димитар Ковачевски.

Тој на скопскиот аеродром синоќа ја пречека македонската државна и црковна делегација која директно од Ерусалим го донесе Благодатниот оган и потоа тој беше пренесен низ храмовите во државата.

Оваа година, за прв пат, македонска делегација присуствуваше на официјалната церемонија на преземање на Светиот Благодатен оган во Базиликата на Светиот Гроб во Ерусалим и лично од Ерусалимскиот патријарх го преземаа Благодатниот оган и го донесоа во земјава, како благослов за македонскиот православен народ и за МПЦ-ОА.

„Ваквата благословена прилика беше овозможена со примањето на нашата Црква во канонско и евхаристиско единство со сета православна екумена, по историската одлука на Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј од 9 мај 2021 година.

Нашата црковно-државна делегација присуствуваше на бдението на Светиот и Велик Петок вечерта, кога се пееја Статиите на оплакувањето Христово, пред самата Свештена Кувуклија, во која се наоѓа Пресветиот Гроб Господов, како и на Последованието на Светиот Оган на истото место, во Сечесниот храм на Воскресението. Беше примена, исто така, и на прием кај Патријархот Ерусалимски г. г. Теофил, “ велат од Бигорски манастир.

Црковното претставништво го возглави Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, придружуван од архимандритите Кирил и Анатолиј од Свештената Бигорска Обител.

Симнувањето на Благодатниот оган во базиликата на Светиот Христов гроб во Ерусалим секоја сабота пред Христовото Воскресение, има древна традиција во христијанството и се случува во очекување на најрадосната објава за Христовото Воскресение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црковно-државна делегација од Македонија присуствуваше на утрената богослужба во храмот на Воскресението во Ерусалим

(Видео) Македонската државна и црковна делегација го презеде Благодатниот оган во Ерусалим

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР поднесе кривична пријава против четири лица за неовластено прислушување

Редакција

Амбасада на САД: Збунети сме од изборот на Абази, граѓаните заслужуваат независно судство и нема место за политичко мешање во овие постапки

Редакција

Собранието го донесе Буџетот за 2023 година

Редакција