Во првото полугодие од 2020 година, Централна кооперативна банка оствари добивка во висина од 8,3 милиони денари и истата е 31,5% пониска од планираната за годината, соопшти банката преку Македонската берза.
На 30 јуни 2020 година, вкупната актива/пасива на банката бележи незначителна промена во однос на крајот од минатата година и остварување на поставениот план од 96,7%.
„Паричните средства и парични еквиваленти бележат пад од 32,2% и отстапување од планот за 21,3%, додека вложувањата во државни записи бележат пораст со што позицијата вложувања во хартии од вредност е повисока во однос на истиот период претходната година за 39,2% и за 17,6% повисока од планот.
Во првото полугодие на 2020 година, банката бележи пораст на кредитната активност кај секторот население и опаѓање на истата кај нефинансиските друштва. Во однос на поставениот план, позицијата кредити на и побарувања од други комитенти бележи реализација од 96.6%.
Позицијата останати побарувања, бележи голем пораст и во однос на претходната година и во однос на поставениот план, што во основа се должи на евидентираната авансна исплата на пензиите во јуни.
Позициите нематеријални средства и недвижности и опрема бележат пад во однос на крајот на минатата година, што се должи на континуираната амортизација на овие средства.
Позицијата депозити на други коминтенти остана стабилна и во второто тримесечје, при што планот е реализиран со 96,1%.
Преземените активности во доменот на управувањето со изворите на средства, доведоа до зголемување на расходите за камати за 6,3% во првото полугодие во однос на истиот период минатата година. Остварените расходи за камати во првото полугодие од 2020 година, во однос на планираните, се пониски за 3,9%.
Континуираниот раст на кредитна активност, особено во сегментот домаќинства, предизвика раст на позицијата приходи од камати од 1,5% во споредба со истиот период минатата година. Вкупниот план за оваа позиција бележи реализација од 93,1%“, информираат од банката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Централна кооперативна банка лани оствари добивка од 9,8 милиони денари
Централна кооперативна банка на ракодводниот кадар лани му исплатила 518.000 евра