еМагазин
Image default
Македонија

Палмер: Македонија во НАТО најрано за 18 месеци ако се спроведе договорот со Грција

Американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Метју Палмер денеска во Сараево изјави дека Македонија би можела да се приклучи на НАТО до средината на 2020 година доколку го спроведе Преспанскиот договор и со тоа го реши повеќедеценискиот спор со Грција.

Според него, Македонија би можела да стане 30-та членка на НАТО „најрано за 18 месеци“.

„Тоа е потполно реална цел“, рече тој.

Но, Палмер, изрази загриженост за руското, како што кажа, „силно влијание“ во регионот на Западен Балкан вклучувајќи ги и напорите за поткопување на напорите на Владата и институциите на Македонија  за интеграција во ЕУ и НАТО.

„Не е на Русија да одлучува што Македонија може или не може да направи во однос на начинот на незјината интеграција во европските и евроатлантските институции. Напорите да се поткопа изразената волја на граѓаните на Македонија се дестабилизирачки и му штетат на мирот и безбедноста во регионот“, додаде Палмер.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 120 оздравени лица од Ковид-19, од кои 94 се од Скопје

Редакција

Утре почнува судењето за „Рекет“: Што ќе донесе првото рочиште?

Редакција

Скопје го испраќа Георгиевски во објаснувачка мисија во Бугарија

Редакција