еМагазин
Image default
Е-излог

#PARFOIS трагачи по сонцето

Летото е на прагот, а со тоа сè попривлечна станува идејата деновите да ги минуваме на сонце. Имајќи го ова в предвид, тимот на Parfois дизајнираше колекција со која летните денови стануваат уште повозбудливи.

Сламени визори и чанти, туники од лесен материјал и пешкири за плажа – колекцијата “Трагачи по Сонцето” нуди совршени можности за стајлинг во сезоната која доаѓа.

Иако колекцијата е предвидена за деновите поминати на плажа, овие парчиња се одлични и за секојдневните активности во градот. Носете туники во комбинација со фармерки за лежерен, урбан стил, а чантите нека бидат дополнување дури и на посвечените фустани. Визорите кои беа тренд во 90-тите и најчесто се носат за спортување, се повторно тука! Одличен додаток за оние кои сакаат релаксиран, спортски, но трендовски изглед.

Нашето летно мото е Трагачи по Сонцето, а оваа колекција комбинира имиџи од лето поминато на сонце и парчиња без кои нема да сакате да ја поминете сезоната. Топла и модерна палета на бои, со која ќе го најдете “своето место под сонцето” и ќе уживате во летото.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пристигна колекцијата есен – зима: Луис & Кларк во новата кампања за мултибрендот FASHION&FRIENDS

Редакција

(Фото) Каролина Гочева како модна инспирација за MANGO жената

Редакција

(Галерија) Тајната есенска градина на Women’secret

Редакција