еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Паркингот во Ист Гејт Мол ќе се наплаќа, почнувајќи од понеделник

Почнувајќи од понеделник, 9 октомври, трговскиот центар Ист Гејт Мол воведува систем за наплата на паркингот по речиси две години откако се отвори трговскиот центар.

„Првиот час е бесплатен, а потоа следните 2 часа чинат 30 денари. По изминатите 3 часа, паркингот ќе чини 20 денари секој започнат час. Иако се менува режимот на паркингот, цената е пониска од просечната цена на паркингот во главниот град,“ информираат од компанијата.

Во трговскиот центар се поставени неколку апарати за наплата и тоа на следните локации: Ниво – 2, излез кон паркинг, на паркоматите поставени пред продавницата Крусел (југ) и Кар бокс (север),
на Ниво – 1 излез кон паркинг, на паркоматите поставени кај продавниците Нептун (југ) и 5Центар (север).

На паркоматите може да се плати со банкноти, но и со дебитни и кредитни картички.

Бесплатно паркирање до 3 часа ќе имаат сите купувачи на супермаркетот Тинекс со фискална сметка над 999 денари, фитнес центарот Palestra, пералната за коли Car Wash и авто центарот Motocentar со валидација на билетот во нивните продажни места.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гевгелија меѓу градовите со највисока инциденца на заразност од Ковид-19

Редакција

Мажот од Кочани кој уби жена со 40 убоди од нож доби доживотен затвор

Редакција

Пендаровски: Ни Бугарија не спори дека Михајлов бил соработник на Хитлер, лага е дека 10 илјади лица биле убиени во Македонија затоа што се нарекувале Бугари

Редакција