еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Патниците кои настрадаа во несреќата во Бугарија се од Македонија, еден е од Прешево и еден со белгиско држајанство

Ќе почекаме причините за несреќата да ги кажат стручните служби. Настраданите не се само од Скопје, туку се од повеќе места. Сите се граѓани на Северна Македонија, од повеќе националности се, но има и еден граѓанин од Прешево, Србија, кој заедно со вереницата од Куманово бил во Истанбул на прошетка.

Во листата видовме и дека има едено лице со белгиско државјанство, изјави премиерот Зоран Заев, кој денеска, заедно со министрите за здравство и за надворешни работи, Венко Филипче и Бујар Османи, ги посети седумте хоспитализирани во болницата Пирогов во Софија.

Одговорајќи на новинарски прашања, Заев рече дека се уште не знае детали иако имал информација дека тие седуммината што преживеале, кога настанала несреќата успеале да го скршат прозорецот кај задните седишта.

-Ќе оставам на бугарските експерти да ги кажат анализите за причините на несреќата. Живите имаат впечаток како тоа се случило. Ако ние политичарите тоа го кажуваме, може да настане проблем.

Не може премиерот на Северна Македонија да каже дали брзината била соодветна или дали бил исправен автобусот, тоа ќе го кажат стручните служќби, експертите и професионалците, нагласи Заев.

Информацијата за несреќата тој, како што истакна, ја добил во 3:30 часот ноќеска од премиерот Стефан Јанев, а потоа му се јавил и претседателот Румен Радев.

-Благодарен сум за посветеноста околу истрагата. Знам дека прават се како за свои граѓани. Ќе можеме по посетата на болницата од Јанев да се информираме за деталите. Прво ќе се видам со него, а со нас е постојано министерот Стоев. Благодарни сме на целата асистенција, подвлече Заев.

Тој информира и дека членови од семејствата на лицата кои се хоспитализирани веќе дошле во болницата.

-Тука се, имаа можност да си ги видат своите роднини, да поразговараат со нив, а дел од нив ги запознаеме, рече премиерот.

Заев рече и дека министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски го информирал дека превозникот е „Беса транс“, кој стандардно и најчесто вози туристички тури на релација Истанбул – Софија – Скопје.

-Не можам да кажам детали, знам само како се вика фирмата, дека се занимава со туризам и дека има повеќе автобуси, како и дека се често на релација Истанбил – Софија – Скопје, нагласи Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Помеѓу настраданите во автобуската несреќа во Бугарија има повеќе членови на едно семејство, најмладата меѓу нив имала 16 години

Седуммината повредени кои се во болница во Пирогов се во стабилна состојба, вели Филипче

Преживеан од автобусот кој изгоре во Бугарија на Заев му кажал дека се слушнала силна експлозија

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штипски Макпромет со добивка во третиот квартал

Редакција

Пензионерите протестираа пред Владата за повисоки пензии

Редакција

Убава вест: 58 оздравени од Ковид-19

Редакција