еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Патувачкото кино на МакеДокс ќе биде во струмичко

Пристигна оној дел од годината посветен на најубавите, безгрижни летни распусти кај баба на село. Ќе го натовариме нашето магаренце со приказни и ќе се упатиме во прегратките на Беласица и Огражден, да здробиме малку кромид со најпознатите пиперки, информираат од „МакеДокс“

„Почнуваме од селото на две реки, Турија, на исток, и Струмица на запад. Продолжуваме во подножјето на Еленица, помеѓу Плавуш и Смрдеш во некогашно Палеокастро, каде се плетеле кошници и печеле грнени садови.

Одиме во зелен спокој каде ќе уживаме во румени домати, лубеници, дињи, но и во праз на кој му е посветен еден цел фестивал во комшии.

Продолжуваме во селото на војводите, „селото на осамената куќа“, комшија на Еднокуќево, а по него кај Босилко. По течението на Гарлиева чешма крај ендемските папрати ќе завршиме со приказните крај водопадите, во селската идила крај чардаците со Габровчани.

Магаренцето ќе носи приказни, но и ќе собира. Ќе собира приказни од правнуците на комитите на југоистокот чии прадедовци ги предизвикале светските медиуми да пишуваат за Македонија со месеци уште во првата година од XX век.

Ќе собираме приказни за мравјалниците, блатото, ендемската флора, но и за одекот на македонскиот петвековен крик – приказната за првото модерно киднапирање во светот,“ се вели во соопштението.

Распоред на проекции:

18.07. – Пиперево

19.07. – Вељуса

21.07. – Моноспитово

22.07. – Босилово

23.07. – Габрово.

Проекциите се бесплатни и почнуваат во 21 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Драчево го доби 12. по големина крст во светот

Редакција

Македонски јазик ќе се учи и на Универзитетот во Анкара

Редакција

Македонската ПР агенција Idea Lab се приклучи на PROI Worldwide

Редакција