еМагазин
Image default
Бизнис

Пекабеско ја зголеми добивката

Пекабеско АД Скопје за периодот јануари-септември 2023 оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот Биланс на успех, соопшти компанијата преку Македонската берза.

Во овој период оствари сеопфатна вкупна добивка од 110.957 илјади денари, а во истиот период лани 74.069 илјади денари.

-Остварените вкупни приходи од работењето во периодот јануари – септември 2023 година изнесуваат 4.014 милиони денари и се на еднакво ниво во споредба со остварените во истиот период за 2022 година.

Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 99%, имаат приходите остварени со продажба на готови производи, стоки и услуги кои исто се на еднакво ниво во споредба со остварените во 2022 година.

Остварените вкупни расходи во периодот јануари – септември 2023 година изнесуваат 3.934 милиони денари и се на исто ниво како и во 2022 година, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Весна Кутревска купи нови акции во Пекабеско

Пекабеско со зголемена добивка во првото полугодие

На менаџерскиот тим на Пекабеско лани исплатени 105 милиони денари за плата и надоместоци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новиот данок за личен доход ќе ја дотепа Македонската берза

Редакција

Повторно продаден блок акции од Комерцијална банка за 34.000 евра

Редакција

Членот на УО на Реплек, Коста Котески купи акции на компанијата

Редакција