Претседателот Стево Пендаровски заедно со семејството, како што објави Плусинфо, од денеска пет дена ќе биде приватно отсутен и ќе отпатува за Италија.
Од Кабинетот за порталот не ја соопштиле точната локација на која ќе летува претседателот.
Порталот објави и дека премиерот Димитар Ковачевски исто така со семејството ќе патува надвор од земјата, но оттаму не откриле кога и каде ќе замине Ковачевски и колку време ќе трае неговиот одмор.
Фото: Кабинет на претседателот
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.