еМагазин
Image default
Бизнис

Пензионерите ќе добијат повисоки пензии за 6,8%

На денешната Владина седница, беше усвоена редовната Информација за исплата на пензии за тековниот месец.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички, ќе се реализира во четири групи, според висината на пензиите и тоа:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.09.2022 година (четврток).

За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.09.2022 година (петок).

За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 03.10.2022 година (понеделник).

За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 04.10.2022 година (вторник).

Со септемвриската пензија, пензионерите на крајот на месецов ќе добијат повисоки пензии за 6,8 %.

Зголемувањето е направено согласно новата методологија одобрена во март годинава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Роби „Телекабел“ го означи стартот на новиот мобилен оператор: Го има првиот број со префикс 074

Редакција

ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта склучи договор со Димакс рудници вреден 3,4 милиони евра

Редакција

Димитри Трповски избран за нов член на Управниот одбор на ТТК Банка

Редакција