еМагазин
Image default
Бизнис

Пензискиот систем е стабилен и одржлив, заклучи Советот за следење на состојбите во пензискиот систем

Советот за следење на состојбите во пензискиот систем, денеска ја оддржа првата седница од изборот на оваа Влада, со која претседаваше министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, како новa претседателка на ова тело, информира Министерството за труд и социјална политика.

На денешната седница, членовите на Советот биле информирани за работењето на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување и состојбата на пензискиот систем во 2021 година, како и за предлогот на Владата за измена на методологијата за усогласување на пензиите.

На седницата била потврдена стабилноста и одржливоста на пензискиот систем и остварените резерви во висина од 1.3 милијарди денари во Фондот за ПИОМ. Притоа се дискутирало и за промената на методологијата за усогласување на пензиите, за што била одржана претходно средба со претставниците на пензионерите.

Министерката Тренчевска информирала за отворањето на социјалниот дијалог со Сојузот на пензионери и Партијата на пензионери како претставници на пензионерите и можностите за промена на методологијата за усогласување на пензиите.

-Целта е да воспоставиме системско решение, на долг рок. Новата методологија треба да обезбеди континуиран раст во иднина, без потреба од дополнителна интервенција од страна на институциите. Нашата цел е воспоставување на систем, кој обезбедува сигурност и извесност, рече Тренчевска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се најтргувани акции на Македонската берза во јуни

Редакција

Корона вирусот ја урна цената на горивата: Рекордно намалување на бензинот и дизелот

Редакција

Владата ќе го раскине договорот со „Инвока гроуп“ за софтверот за полагање испити на државните институции

Редакција