Пратеникот Петар Атанасов од СДСМ на 23 овој месец си поднел оставка на функцијата, која треба да биде констатирана на седницата закажана за 29 август.
На истата седница, како што информираат од Собранието, се очекува Атанасов да биде избран за заменик-министер за образование и наука.
На местото на Атанасов во собраниските клупи треба да седне Снежана Калеска Ванчева од листата на СДСМ во Изборната единица 1.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.