еМагазин
Image default
Македонија

Петгодишно дете од штипската градинка „Астибо“ позитивно на Ковид-19

Петгодишно дете во централниот објект на штипската градинка „Астибо“ е прв позитивен случај на коронавирусот меѓу децата кои се згрижени во Штип. Пред шест дена беа евидентирани четири позитивни случаи меѓу вработени во двете детски градинки, по што 24 деца со две вработени беа изолирани.

Директорката на градинката „Астибо“, Билјана Трајчевска го потврдува случајот и вели дека денеска е пристигнат резултатот, по што се информирани сите надлежни институции и Општина Штип.

„Петгодишното дете е дел од групата, која е изолирана, по појава на вирусот кај воспитувачката на групата. Но, епидемиолозите не го поврзуваат случајот на детето со воспитувачката, бидејќи неколку дена претходно не доаѓало во градинка. Според епидемиолошката анкета воспитувачката се заразила од член во семејството“, истакна Трајчевска.

Таа додаде дека на негователката и на останатите 11 деца периодот на изолација им изминува во петок, по што можат да се вратат во градинката. Трајчевска потенцира и дека забележано е и дека дел од родителите самоиницијативно ги тестираат своите деца. Инаку во објектите на градинката „Астибо“ се работи согласно протоколите и мерките.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заразата од Ковид-19 повторно се разгорува во штипските конфекции

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео од инцидентот помеѓу кардиохирургот Јовев и директорот на Клиниката за кардиохирургија, Шокаровски

Редакција

Секој што направил тест за антитела, мора да направи тест и за присутност на коронавирусот

Редакција

Боби Ѓошиќ назначен за в.д. директор на Центарот за култура во Струмица

Редакција