Премиерот на Бугарија, Кирил Петков во интервју за Бугарската национална телевизија рече дека без бугарскиот Парламент нема да има одлука, јави дописникот на МИА од Софија.
-Како премиер нема да донесам никаква одлука ако не ја донесе бугарскиот Парламент. Единственото нешто што ќе го кажам на масата со европските лидери е дека нема да го сменам бугарскиот став доколку нема одлука од бугарскиот Парламент, изјави Петков.
Рече дека доколку е вистина тоа што го слушнал, во францускиот предлог ќе има гаранции за Бугарите – и во однос на антидискриминацијата и во однос на Уставот на земјата.
Како што рече, не го прочитал францускиот предлог, кој е испратен директно до Собранието.
-Нема да донесам никаква независна одлука. Ќе ја следам волјата на бугарскиот Парламент, изјави Петков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Дојче Веле“: Сите детали од францускиот предлог за решавање на бугарско-македонскиот спор
МИА/Фото: Влада