еМагазин
Image default
Локално

Петмина повредени во судар меѓу автобус и товарно возило

На 16.10.2019 во 12.20 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје– Велес, кај населбата Дрма, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „застава“, со струмички регистарски ознаки, управувано од А.Р.(27) од Струмица и автобус „јутонг“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ц.(28) од Скопје, информира МВР.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, како и патниците во автобусот Ф.Ц.(29), К.Т.(36) и П.А.(18), сите од Скопје, по што биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МОН му ги одзеде ингеренциите на Таравари

Редакција

Тешко повредено шестгодишно дете по удар од мотоцикл

Редакција

Шалтерите за издавање готови документи во МРТВ и Беко ќе работат и денеска

Редакција