еМагазин
Image default
Локално

ЈПКД Маврово: Земјотресот ја замати водата за пиење, надлежните препорачуваат да не се користи за пиење

Водата со која се снабдуваат повеќе водоводи во мавровскиот крај е заматена и не е за пиење. До заматувањето најверојатно дошло по денешниот земјотресот, чиј епицентар беше во близина на селото Леуново.

Појавата утрово ја забележале повеќе жителите на селото Маврово и околните населби во општина Маврово-Ростуше. Проблемот бил пријавен во комуналното претпријатие.

Од ЈПКД Маврово утрово излегоа со информација и дадоа препорака водата да не се користи.

– Најверојатно по земјотресот чиј епицентар беше во мавровскиот регион, дојде до заматување на водата за пиење во водоснабдувачките мрежи. Освен во Маврово, Маврови Анови, заматување е забележано и во Жировница.

Доколу се појави потреба, водата од системите ќе се испушти, по што ќе бидат повторно наполнети со чиста вода. Иако засега нема бактериолошко загадување, предвидено е да се направи и вонредно хлорирање.

Затоа препорачуваме извесен период додека потресите не се смират, водата која директно доаѓа од чешмите да не се користи за пиење, изјави за МИА, Дијана Давидовски, директор на ЈПКД Маврово.

Според првичните информации во локалната самоуправа, не се пријавени штети на објекти и инфраструктурата. Засега, забележани се помали оштетувања на две стари куќи во селото Леуново и една барака.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Земјотресот ги вознемири и жителите на скопската Зоолошка градина

Силен земјотрес со епицентар во Маврово ја разбуди Македонија

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен криминалец од Тетовско баран со меѓународна потерница за издржување шест години затвор

Редакција

Тројца малолетници ја ограбиле на бензинска пумпа во Скопје

Редакција

Товарно возило удри во пешак во Куманово

Редакција