еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Планинар и активист за заштита на животни од пет метри длабока јама спасија куче паднато пред една недела

Планинар и активист за заштита на животни денеска околу пладне извадија бездомно куче од дупка/јама длабока четири-пет метри во Тетово, во која паднало и се наоѓало околу една недела.

За ситуацијата со кучето се зборувало во група на социјалната мрежа Фејсбук, по што планинарот Надир Мурсели и активистот Далибор се нашле на местото каде било паднато кучето со цел да го спасат и извадат од дупката.

– За проблемот ми се јави една моја пријателка, Ирина. Отидов со планинарска опрема, со јажиња. Се врзав за дрво и со помош на јажињата поради безбедност се спуштивме надолу со активистот.

Кучето беше уплашено и лаеше. Некако успеавме да го ставиме во корпа, Далибор успеа да го врзе и да го стави внатре.

Беше многу уплашено кучето нормално, не знаеше што се случува. И други луѓе имаше што помагаа, потоа за да се качи корпата нагоре. Имаше еден човек од околната продавница и уште неколку соседи и тие ни помогнаа да се повлече корпата нагоре, вели планинарот Надир Мурсели.

Според сознанијата на граѓаните, дупката која се наоѓа во двор од градинката, била покриена со дрвена плоча и поради тоа кучето паднало. Изминатите неколку дена луѓето од соседството го забележале откако интензивно кучето почнало да лае и квичи. Тие овие денови му спуштале храна.

По вадењето од дупката е однесено на локација за згрижување на бездомни кучиња на здружение за заштита на животни.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Стево Пендаровски приватно: Благороден и необично духовит татко

Редакција

Креаторот и администраторот на „Јавна соба“ завршија во притвор

Редакција

Породилното отсуство се продолжува до истекот на времените мерки за корона вирусот

Редакција