еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Планинар од Скопје почина на Пелистер, кај месноста „Ловечка куќа“

Регионалниот Центар за управување со кризи (ЦУК) Битола информираше дека од Министерството за внатрешни работи (МВР) – СВР Битола има известување дека кај месноста „Ловечка куќа“ на планината Пелистер има починато лице, планинар.

Според првите сознанија, се работи за повозрасно лице од Скопје, со иницијали А.С..

-ЦУК веднаш ја извести Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) од Битола коишто имаат тим за интервенции во планински услови, за истиот тим да го ангажираат и телото на починатото лице да го транспортираат до првото место каде што може да дојде возило на Итна медицинска помош за да го преземе, информираа од ЦУК.

Местото каде што било пронајдено лицето е на околу 2.000 метри надморска височина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 573 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција

Ако може да се смени името на државата, може и ДУП-от за Аеродром

Редакција

Од Ковид-19 починале 7 лица, сите со коморбидитети

Редакција