еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Годинава се откриени 46 лица позитивни на ХИВ, неделава ќе има бесплатни тестирања

Годинава на Клиниката за инфективни болести се откриени 46 лица позитивни на ХИВ, од кои 41 се на редовен антиретровирусен третман.

Неделава од 20 до 26. ноември ќе има бесплатни тестирања, кој е единствениот начин за да знаете дали имате ХИВ, како и тестирања за други сексуално преносливи болести.

Европската недела на тестирање и месецот на машкото здравје, Клиниката за инфективната клиника и ХЕРА, ќе ги одбележат со кампања „Грижи се за себе“.

Целта на кампањата е да се поттикнат и охрабрат мажи и момчиња ако се во ризик или превентивно да се тестираат на ХИВ, без разлика на која популациска група припаѓаат.

Велимир Савески од Инфективната клиника на прес-конференција денеска рече дека повеќето од новооткриените ХИВ позитивни оваа година се мажи и дека, за разлика од други години каде што најчесто биле мажи кои имаат сексуални односи со мажи, оваа година првпат има тренд на ХИВ инфекција и кај хетеросексуалната популација.

„Затоа што постои терапија со која на навремено откриените пациенти им се овозможува нормален живот и просечен животен век, ист како и кај ХИВ негативните лица.

Проблем е кога пациентот доаѓа со некаква клиничка слика која можеби не е препознаена на почеток, се тестира, се помислува на ХИВ и тогаш го откриваме пациентот дека е во доцна фаза од болеста односно во стадиум на СИДА.

Тогаш лекувањето е потешко, понекогаш е потребно и болничко лекување, некогаш пациентите завршуваат на интензивна нега,“ рече Савески.

На Инфективната клиника тестирањето за ХИВ може да се направи доверливо, рече тој, и секој може да дојде и да се тестира анонимно. Во ХИВ амбулантата на Инфективна за пациентите има и психолог и социјален работник.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев поднел барање за пасош со „Република Северна Македонија“

Редакција

Македонија2025 доделува стипендии за кариерно усовршување на извршни директори и менаџери во САД

Редакција

За една недела, две спасувачки акции на Водно

Редакција