еМагазин
Image default
Локално

Пломба на угостителски објект во Гостивар, се забавувале со музика во живо

На вратата на угостителски објект во Гостивар ставена е „пломба“ откако било констатирано дека е пречекорено работното време, а гостите се забавувале со музика која се изведувала во живо.

Сопственикот бил приведен во полициска станица и ќе заработи кривична пријава.

Според МВР, синоќа околу 20 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар, заедно сонинспектори од Пазарна инспекција во Гостивар извршиле контрола во угостителски објект кој работи во склоп на трговски центар на улицита „Илинденска“ во Гостивар.

При контролата во објектот покрај сопственикот, биле затекнати десетина гости кои се забавувале со музика што ја изведувале музичари.

Објектот бил затворен, а сопственикот Ф.Б.(45) од селото Добридол, гостиварско, бил лишен од слобода. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Велешанец починал по пад од височина од својот двор

Редакција

Истекува рокот на вториот јавен повик на Град Скопје, ниту еден возач од „Слобода превоз“ и „Макекспрес превоз“ не се пријавил на повикот

Редакција

(Галерија) Куманово накитено за новогодишните празници

Редакција