Излекуван е потполковникот кој заболе од Ковид-19 во Централноафриканската република и беше транспортиран во земјава и хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, објави на Фејсбук министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
„Среќна завршница на патешествието на нашиот потполковник, кој во Централноафриканската република заболе од Ковид-19. По 22 дена на Инфективната клиника, тој е сосема излекуван и денеска си оди дома! Го испрати д-р Илир Демири и дел од медицинскиот персонал кои се грижеа за него,“ напиша Шекеринска на својот ФБ профил.
Потполковникот набргу се враќа меѓу своите колеги, на своите должности во Армијата.
„Благодарност до сите! Ништо не оставивме на случајноста и ова е најдобриот исход што сите го посакувавме,“ пишува Шекеринска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Од Африка во Скопје пристигна потполковникот заразен со Ковид-19
Фото: Фејсбук/Шекеринска