еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

МТСП со детали за корисниците на парични права од социјална заштита со сметки во „Еуростандард банка“

Министерството за труд и социјална политика известува дека надлежниот центар за социјална работа назначува старател за посебен случај на корисници на парични права од социјална заштита, кои не се во можност самостојно да се грижат за своите права и интереси (корисници на надоместок за помош и нега од друго лице, надоместок заради попреченост, стари и немоќни лица), а кои имале трансакциска сметка во „Еуростандард Банка“ АД Скопје.

За отварање на нова трансакциска сметка во друга банка, близок сродник или лице кое се грижи за корисникот може да поднесе барање за назначување на старател за посебен случај до центарот за социјална работа, информираат од МТСП.

– Кон барањето се доставуваат следниве докумети: Копија на Извод од матична книга на родените, за корисникот. Копија на Извод од матична книга на родените, за лицето кое се назначува за старател за посебен случај. Лични карти на увид (за корисникот и лицето кое се поставува за старател за посебен случај). Медицинска документација за корисникот. Лекарска потврда за психофизичка состојба од матичен лекар за лицето кое се назначува за старател за посебен случај, соопштија од МТСП.

Воедно информираат дека ќе има дополнителна исплата на паричните права од социјална и детска заштита, за корисниците кои беа клиенти на „Еуростандард Банка“ АД Скопје, а кои во дадениот рок (до 25.08) не успеале да отворат нова трансакциска сметка во друга банка или да поврзат постоечка трансакциска сметка во друга банка заради исплата на паричните права, која се реализира овие денови.

– На координативниот состанок со банките, МФ и НБРМ беше договорено исплата на паричните права од социјална заштита, заштита на децата и згрижувачките семејства за август 2020 година, да се врши и во дополнителни датуми на 11, 18 и 25 септември 2020 година, при што податоците за корисниците од Банките до Министерството за труд и социјална политика ќе бидат доставени на 7, 14 и 21 септември 2020 година, се вели во соопштението од МТСП.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дијалогот со синдикатите е постојано во тек и ќе донесе решение, велат од Влада

Редакција

Македонска сага: Работат, а живеат во сиромаштија

Редакција

Битиќи не гледа потреба од замрзнување на цените

Редакција