еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

За прв пат во нашата земја направена ЕКМО интервенција на пациент заразен со Ковид -19

Со цел да се спаси уште еден живот, за прв пат во нашата држава беше применета ЕКМО (Екстракорпоралната мембранска оксигенација) кај критично болен со Ковид-19 инфекција, со употреба на CytoSorb филтер, информираат од Клиниката „Жан Митрев“.

Екстракорпоралната мембранска оксигенација – EКMO претставува модифициран вид на кардиопулмонално премостување кое се користи како привремена поддршка за пациенти со нарушена респираторна или срцева функција.

Главна компонента на EКMO уредот е мембрански оксигенатор, преку кој крвта по пат на дифузија поминува преку полупропустлива мембрана при што се отстранува јаглерод диоксид.

„Пациентот беше примен во Клиничката болница Жан Митрев во исклучително тешка општа состојба со акутен респиратоден дистрес синдром, со ниска периферна сатурација, отежнато дишење и покачена телесна температура до 39Ц.

Пациентот бешe итно интубиран и поставен на механичка вентилација. Поради инверзија на гасните анализи со висока вредност на pCO2 и покрај високите респираторни подршки и максималната концентрација на кислород, пациентот е поставен на екстракорпорална мембранса оксигенација – ЕКМО со дополнителна употреба на CytoSorb филтер.

Ширејќи ги нашите медицински сознанија и следејќи ги најновите препораки за третман на Ковид-19 пациентите започнавме со уште еден тип на прочистување на крвта кој се базира на методот на хемоабсорбција на цитокини и други воспалителни медијатори со CytoSorb филтер (одобрен од FDA за третман на критично болни пациенти со Ковид-19 инфекција) со комбинација на екстракорпоралната мембранска оксигенација – EКMO“, велат од Клиниката.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За попладне во Скопје најавен силен ветер кој ќе достигне 80 километри на час, бидете претпазливи

Редакција

Претседателски избори во Црна Гора: Ѓукановиќ и Милатовиќ одат во вториот круг

Редакција

Бугарската „Соларпро холдинг“ го доби тендерот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ за набавка на струја вреден 607.000 евра

Редакција