еМагазин
Image default
Македонија

На Клиниката за пулмологија и алергологија ќе се воведе тест кој за 40 минути ќе покаже дали пациентот има Ковид-19 или друг вирус

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска на новинарско прашање истакна дека и на Клиниката за пулмологија и алергологија ќе се воведе тест, кој за 40 минути ќе покаже дали одреден пациент има коронавирус или некој друг вирус.

„Тие тестови и досега ги имаше, со тоа што во палетата го немаше овој Sars-Cov-2. Таков апарат ќе биде инсталиран во амбулантата на Клиниката за пулмологија, како и на Клиниката за инфективни болести.

За 40 минути ќе може да се детектира дали е пациентот позитивен на овој вирус или на некој од палетата останати вируси коишто вообичаено се јавуваат во есенските месеци“, потенцираше министерот Филипче.

Денеска, министерот Филипче и директорот на Клиниката за пулмологија и алергологија, Дејан Докиќ, го пуштија во употреба новиот модуларен амбулантско-поликлинички оддел, лоциран во непосредна близина на зградата на интерните клиники.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Пуштен во функција новиот модуларен амбулантско-поликлинички оддел на Клиниката за пулмологија и алергологија

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Финансиската полиција влезе во М-НАВ

Редакција

(ВИДЕО) Приведен жител на Вевчани поради закани за убиство на Заев и Пендаровски на Фејсбук

Редакција

Регистрирани 475 прекршоци за неносење маски во изминатите 24 часа

Редакција