еМагазин
Image default
Забава

По две години пауза, ќе се одржи штипската „Пастрамалијада”

Штипската манифестацијата „Пастрмалијада“ годинава ќе се одржи во септември, a за локацијата дополнително ќе се одлучува.

Секретарот на Општина Штип, Вишна Шорова-Ангелова, вели во тек е подготовка на програмата, како и преговори со потенцијалните партнери од бизнис – секторот.

– По пауза од неколку години, Општина Штип оваа година планира да ја реализира манифестацијата „Пастрмалијада“ и тоа на 23 и 24 септември. Во текот на овој период веќе се прават планови за тоа кои да бидат изведувачите кои би настапиле за време на овој настан.

Веќе имаме некоја програма за која преговараме со потенцијалните изведувачи. Настанот ќе биде дводневен и ќе биде во соработка со бизнис – секторот и сите заинтересирани кои би сакале да имаат свои штандови. Сè уште размислуваме за местоположбата и ќе одлучиме која локација ќе биде најсоодветна за оваа година, вели Шорова – Ангелова.

Манифестацијата финансиски ќе биде поддржана од Општина Штип, но и од потенцијалните партнери на проектот со кои би се постигнал договор.

– Буџетот зависи од бројот на учесници, меѓутоа и Општина Штип во рамките на својот буџет има предвидено финансиски средства за реализација на „Пастрмалијада“, меѓутоа самиот настан ќе се организира во соработка со бизнис – секторот, додава Шорова – Ангелова.

Изминативе две години манифестацијата не се одржа поради ковид-пандемијата. Ова ќе биде 14. издание, откако во 2019 година се одржа 13. по ред издание.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тони Цетински, Јелена Розга, ДНК, Џамбо Агушеви ќе настапат на штипската Пастрамајлијада која се одржува вечерва и утре

МИА/Фото: Општина Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Лемурите во Зоолошката градина се „подновија“ со четири бебиња

Редакција

По 27 години брак: Се разведува Бил Гејтс

Редакција

Утре во Јавна соба настапуваат Fish in Oil, „џез деликатес“ од Белград

Редакција