еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

По исказите на Кичеец и Јанева: Ќе ја отвори ли Боки 13 Пандорината кутија?

Ќе се прошири ли истрагата за случајот „Рекет“ кон функционери од СДСМ е прашање кое се поставува во јавноста откако во Јавното обвинителство искази за овој случај дадоа второобвинетиот Зоран Милески –Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Интересно е што распитот на Јанева следуваше само еден ден откако Кичеец го даде својот исказ во обвинителството. Јанева вчера во обвинителството дојде со адвокатот Стеван Павлевски и одговараше на прашањата за „Рекет“ четири часа по што изјави дека не се чувствува виновна, дека дала исказ во својство на сведок, како и дека нема ништо невообичаено што повикала адвокат.

Останува нејасно зошто за целата афера се уште не е испрашан првообвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13 и дали истрагата ќе се прошири и кон други лица, посебно кон функционери од СДСМ со оглед на тоа што веќе подолг период се шпекулира за вмешност на повисоки партиски структури во оваа афера.

Не треба да се заборави дека пред да биде приведен Боки 13 во интервју на сите што не го сакаат им порача дека тој поседува еден клучевите од Пандорината кутија.

Сега останува да се види дали во наредните денови врз база на евентуални нови сознанија Обвинителството ќе повлече чекори и кон други лица и дали Боки 13 ќе реши со отварање на Пандорината кутија да се пазари за својата судбина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Катица да можеше и Орце Камчев ќе го земеше за адвокат: Твитер за распитот на Јанева за „Рекет“

(ВИДЕО) Не чувствува вина: Јанева била повикана како сведок за “Рекет“

(ВИДЕО) Јанева на распит за „Рекет“ дојде со адвокат

Прво Зоки-Кичеец, па Катица Јанева: Коинциденција или смислен потег?

Фото: Фејсбук/Боки 13

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Нова „бомба“ на Антонио Милошоски: „Заев договорал одлуки на Врховниот суд“

Редакција

Влада без ДУИ, уставните измени да бидат ефективни кога Македонија ќе стане членка на ЕУ: Мицкоски го повтори условот на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Нови 687 случаи на Ковид-19 од 3.050 тестирања

Редакција