Рускиот архимандрит Васијан Змеев, кој пред неколку дена беше протеран од Македонија, стана непожелен и во Бугарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е рускиот свештеник, кој е протеран од Македонија
Змеев беше шеф на руското црковно предворје во Софија, а тој е протеран од Бугарија поради „закана за националната безбедност“.
Како што објави Амбасадата на Русија во Софија, од Бугарија се протерани уште двајца црковни службеници вработени во црквата „Свети Никола Мирликиски Чудотворец“.
Руската амбасада оваа одлука на Бугарија ја оцени како „остро и бесрамно дејствие“.
„Револтирани сме од одлуката донесена од бугарската страна. Очигледно е дека сегашното раководство на Бугарија си постави задача да ги уништи не само општествено-политичките, културните и хуманитарните врски меѓу нашите земји, туку и да ги наруши односите меѓу сестринската руска и бугарската православна црква и да ги огорчи рускиот и бугарскиот народ еден против друг“, пишуваат на Фејсбук од руската Амбасада во Бугарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија протера тројца руски дипломати, Русија најави дека ќе одговори на непријателскиот чин
Фото: Унсплеш