еМагазин
Image default
Македонија

По Османи и Пендаровски, Фон дер Лајен се сретна и со Ковачевски

Сега е моментот кој треба Македонија да го искористи за прифаќање на европскиот предлог, што понатаму значи и одржување на првата меѓувладина конференција и почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Ова било констатирано на денешната средба на премиерот Димитар Ковачевски и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Како што информира владината прес-служба, на средбата Ковачевски и Урсула фон дер Лајен разговарале за најважните прашања поврзани со проширувањето на Европската Унија.

-Она што беше нотирано од страна на претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен е дека местото на С Македонија и Западен Балкан е во Европската Унија и тоа е единствениот пат кој води кон подобра иднина за сегашните и идните генерации, стои во соопштението.

Ковачевски и Фон дер Лајен уште еднаш потенцирале дека со европскиот предлог не се загрозува на ниту еден начин идентитетот, културата, историјата и македонскиот јазик.

На средбата било дискутирано дека во контекст на новите геополитички околности многу е значајно деблокирањето на евроинтеграцискиот процес и почетокот на преговорите за нашето членство во Европската Унија, што е важно за целокупниот напредок на Македонија.

Владината прес-служба информира дека на средбата било истакнато дека одлуките кои се носат сега ја гарантираат иднината на земјата и затоа се потребни мудри и државнички потези кои водат кон просперитет, развој на демократските вредности и севкупен економски напредок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По Османи, Фон дер Лајен се сретна и со Пендаровски

Османи во Скопје се сретна со Фон дер Лајен

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тенизично и на денешното судење за несреќата кај Ласкарци, конечно сведочеше вештакот Зекири

Редакција

Остана уште Шпанија: И Франција го ратификуваше Протоколот за НАТО

Редакција

МНР се огласи: Македонија има конзул во Тотова, САД, засега не е предвидена негова замена

Редакција