еМагазин
Image default
Македонија

По препорака на психијатар за четири недели се одложува судењето на Мухамед Зеќири

Од Кривичен суд информираат дека се одложува судењето за предметот кој се однесува на поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири.

-Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 193/22, ја информираме јавноста дека, расправата насрочена за 13.03.2023 година ќе се одложи.

Имено до судот е доставено ново стручно милсење на вешто лице – психијатар, според кое заради достабилизација на психичката состојба на обвинетиот М.З., се препорачува одлагање на судењата во следните три до четири недели.

Со оглед да се работи за здравствена состојба, судењето ќе биде одложено, а главната расправа ќе се насрочи во координација со останатите странки во постапката, како и согласно препораката на вештото лице, за што јавноста ќе биде дополнително известена, велат од таму.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Призма“: Предводник на „Шверцери“ и пејач го советуваат вицепремиерот Груби

Редакција

Системот на ФЗО профункционира – започна исплата на боледувањата, породилното остуство и разни рефундации

Редакција

Имаме ограничен буџет наспроти бројот на пациенти кој се зголемува, рече директорката на Онкологија пред Анкетната комисија

Редакција