еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

По серијата загуби на теренот, Русија назначи нов командант на трупите кои се борат во Украина

Руската војска објави дека назначува нов командант на своите „специјални воени операции“ во Украина по серијата загуби на теренот.

„Армискиот генерал Сергеј Суровикин е назначен за командант на комбинираните воени групации во зоната на специјални воени операции во Украина“, соопшти руското Министерство за одбрана преку Телеграм.

Суровикин (55) е ветеран од граѓанската војна во Таџикистан во 1990-тите, втората војна во Чеченија во 2000-тите и руската интервенција во Сирија започната во 2015 година.

Досега тој командуваше со групата Јужни сили во Украина, според извештајот на руското Министерство во јули.

Како што пренесуваат странските агенции, Москва ја објави одлуката за назначување нов командант, по серијата порази на руската армија во Украина. На почетокот на септември, руските сили беа истиснати од поголемиот дел од регионот Харков во североисточниот дел на земјата во украинската контраофанзива во која Киев поврати илјадници квадратни километри територија.

Руските војници, исто така, изгубија 500 квадратни километри во регионот Херсон во јужна Украина и го избегнаа опкружувањето во Лиман, логистички центар кој сега е во рацете на Киев.

Соопштението е објавено вчера, на денот кога експлозија делумно го уништи Кримскиот мост, клучна инфраструктура за снабдување на полуостровот што Москва го анектираше во 2014 година, како и за снабдување на руските сили во Украина.

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче за натписите на „Ла Верта“: Да не се компромитира процесот за набавка на вакцини со измислени афери

Редакција

Убава вест: Оздравени 126 лица кои боледуваа од корона вирусот, најголем број од Куманово

Редакција

Напаѓачот на Пендиков излезе од притвор, остана без пасошот

Редакција