еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

По трагедиите во Србија ги прашавте ли децата како се

Ретко кој не се шокираше од двата случи на масовни убиства во соседна Србија. Рака на срце има и такви кои ги величат убијците по социјалните мрежи, кои за жал најчесто се деца, како и убијците, што дополнително алармира колку серизни проблеми имаат денешните општества.

Масакрите се главна тема и во Македонија. И со право. Никој неможе да гарантира дека не дај Боже истото може да се случи и кај нас. Нешто што до вчера ни беше толку далеку и беше типично за земји како САД, Кина или Русија, сега полека, но сигурно станува реалност насекаде.

Вината за тоа што се случи во Србија, како што анализираат тамошните медиуми е кај сите, почнувајќи од родителите кои имаат се помалку време да се посветат на сопствените деца, иако ја презеле таа обврска, кај институциите кои не посветиле внимание на менталното здравје на децата и достапноста до оружје, до медиумите кои немаат никакви критериуми што пласираат и промовираат насилство, социјалните мрежи, видео игрите…

Ништо поразлично не и кај нас. И нашите деца често поради обврските на родителите се запоставени и оставени да растат со мобилните во рака уште во најрана возраст, и нашите деца ги гледаат истите тие српски серии и ријалити шоуа кои промовираат насилство и вулгарност и нашите деца ги играат истите тие насилни игрици и ги имаат истите погрешни модели…

Лабавата реакција на случувањата во Србија кај македонските институции, кои многу ретко се на нивно на задачата, драги родители покажа дека и овојпат се е во ваши раце.

Лесно е да се попува на Фејсбук, но тешко е да се комуницира со дете, но не е невозможно.

Ако веќе сте се одлучиле да имате деца, не заборавајте дека имате голема обврска да ги изведете на правиот пат. Прашајте ги како се, што им треба, што не им се допаѓа, што мислат тие за тоа што се случува во Србија, ги малтретира ли некој во училиште, што игри играат на мобилниот, што гледат на интернет…

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Распродажба на автомобили во Народна банка: „Опел астра“, „ауди“ и форд мондео“ по багателни цени

Редакција

(Фото) Пратеничката на СДСМ Калеска Ванчева го утна името и функцијата на претседателот на украинскиот Парламент

Редакција

Ќе се спасат ли од затвор Канческа, Авировиќ, Кочан: На Комисија експресно поминаа измените на КЗ

Редакција