еМагазин
Image default
Македонија

Побарано прекинување и на „ТНТ“ до разјаснување на ситуацијата со Јанева

Одбраната на обвинетитете во предметот „ТНТ“ на денешното рочиште побара одложување на главната расправа до целосно решавање на состојбата со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која е во притвор за случајот „Рекет“.

Адвокатот Дончо Наков, пред почетокот на рочиштето, рече дека јавниот обвинител Бурим Рустеми е сослушан сведок за „Рекет“ и не може да ја застапува Јанева, која е во притвор.

– Доколку продолжите да работите денеска јас сметам дека треба да ви укажам на записник со цел да се знае еден ден дека вие сте дозволиле јавен обвинител кој е сослушан сведок во случај за кој обвинителката која тој ја застапува се наоѓа во притвор. Не може овој обвинител да постапува во моментот како овластен застапник на Катица Јанева поради егзистирање на правосилно судско решение за притвор, нагласи Наков.

Јавниот обвинител Бурим Рустеми, посочи дека смета оти се додека не е официјално прекинат мандатот на Катица Јанева тие имаат право да ги застапуваат предметите.

– Евентуална одлука на судот и секоја друга одлука, а вклучително и одлука за притвор не е релевантна се додека нема одлука од Советот за јавни обвинители за престан на мандатот на Катица Јанева, рече Рустеми.

Посочи дека согласно законските одредби од Законот за јавно обвинителство, републичкото јавно обвинителство нема право да одлучува за Специјалното јавно обвинителство (СЈО), а со цел како што рече зачувување на автономијата на СЈО.

– Сметам дека судот треба да го прифати писмото од ЈО на РСМ како факт дека нема институцијата согласно наведените Закони да одлучува и согласно тоа да продолжи со постапката, изјави Рустеми.

Судијата Ставрев, пред даде пауза за да биде разгледано барањето на одбраната, информираше дека не добил одговор по барањето од осомничениот Тони Трајковски, проследено до државниот јавен обвинител, туку само добил писмо од јавен обвинител Анита Тополова Исајловска.

– Во врска со вашето барање за давање мислење за изземање на Катица Јанева. ЈО на РСМ не е надлежно да постапува по вашето барање и СЈО не е дел од јавнообвинителската хиерархија и за својата работа само одговара пред Собранието и Советот на јавни обвинители, се вели во писмото, информира судијата Ставрев.

Судскиот процес за „ТНТ“ односно уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски се наоѓа во доказна постапка. За делото обвинети се повеќе лица меѓу кои екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судот го одби барањето за прекинување на „ТНТ“, поради нерешената состојба со Јанева

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Средба Ковачевски-Петков: Бугарија се согласила на употреба на краткото име Северна Македонија

Редакција

Мицкоски не му верува на Заев дека „бомбите“ за Милошоски биле нови

Редакција

Боки 13 бил примен на Торакална хирургија со болки во желудникот

Редакција