еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Побарувањето на Комерцијална банка од 3,3 милиони евра го одложи рочиштето за отворање на стечајна постапка на „Баргала“

Во штипскиот Основен суд денеска требаше да почне рочиште за испитување на услови за отворање на стечајна постапка наспроти должник Друштво за производство на чевли „Баргала“ АД Штип. Но, судијата Емил Пилатов поради тоа што на барањето за отворање на стечај се приклучува и Комерцијална банка со побарувања од над 3.300.000 евра го одложи на 8 мај.

На барањето за отворање на стечајна постапка за некогашниот гигант за производство на чевли „Баргала“ сега ќе бидат вкупно тројца доверители, меѓу кои група на вработени, АД Македонија осигурување и Комерцијална банка.

АД Македонија осигурување има побарувања од пет милиони денари, а заедно со каматите долгот на „Баргала“-Штип пораснал близу девет милиони денари.

Судијата во Основен суд – Штип, Емил Пилатов рочиштето го закажа на 8 мај во 13 часот, откако адвокатот на должникот, побара да се одложи поради процесни пречки, бидејќи побарувањата на Комерцијална банка не се доставени до должникот, а се обемни за да се произнесе.

Познатата штипска фабрика „Баргала“-Штип пред една деценија имаше околу 1.400 работници и произведуваше чевли за познати светски брендови. 

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од попладне локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и пад на температурите

Редакција

Мерките на Владата за студентскиот стандард не се ниту доволни, ниту ефикасни, утврди државна Ревизија

Редакција

Привремено стопирана продажбата на “Славија„

Редакција