еМагазин
Image default
Локално

Почина 19-годишното момче од Сараќино кое беше повредено во сообраќајка на 16 јануари

Почина 19-годишниот Бојан Смилески, еден од тројцата повредени во сообраќајната несреќа што се случи во четвртокот на стариот пат Тетово-Скопје. Тој им подлегнал на повредите на клиниките во Скопје каде беше хоспитализиран по несреќата.

СВР Тетово во четвртокот информираше дека сообраќајната несреќа се случила кај месноста таканаречена „требошки натпатник“. Се судрија товарно возило „мерцедес“ со тетовски таблички управуван од Х.А (48) од Голема Речица и патничко возило „опел корса”.

Сега починатиот Бојан беше сопатник во корсата, а повреден беше и неговиот другар Мартин Бошкоски, роден 2001 година, исто од Сараќино.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за екс-директорот на ЈП „Комуналец“ во Крива Паланка

Редакција

19-годишник од селото Дреново ја силувал 11-годишната сестра

Редакција

(Видео) МВР откри лабораторија за производство на марихуана во Булачани

Редакција