еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Почина бизнисменката Нина Јанева

Бизнисменката и хуманитарка Нина Јанева почина денеска по долго и тешко боледување.

За нејзината смрт извести и Inner Wheel Club of Skopje, клуб во кој членуваат жени-бизнсменки кои меѓудругите проекти ѝ помагаат и на заедницата.

„Со голема тага во нашата душа, Ве известуваме дека почина нашата членка Нина Јаневска. Погребот ќе се изврши утре на Градските гробишта Бутел во Скопје во 9:30 часот.
Секогаш ќе ја чуваме во нашите срца“, пишува Inner Wheel Club of Skopje.

Јанева беше сопственик на една од најлуксузните продавници за накит, уметнички слики, производи во центарот на Скопје.

Во јавноста беше позната и како сопруга на претседателот на Управниот одбор на винаријата „Тиквеш“, Светозар Јаневски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Цветан Трипуновски, кој ВМРО-ДПМНЕ го предлага за заменик министер за земјоделство

Редакција

(Галерија) Ексклузивни фотографии од новото казино Фламинго во Скопје

Редакција

МПЦ-ОА: Документот на СПЦ, препорака за автокефалност, надеж за скоро издавање на Томос од Вселенскиот патријарх

Редакција