еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Почина Борис Комнениќ, “Саша Попадиќ“ од култната „Бољи живот“

Српските медиуми пренесуваат дека по тешка болест почина познатиот актер Борис Комнениќ (64).

Најпозната улога му беше во серијалот „Подобар живот“ („Бољи живот“), каде го глумеше ликот на Саша Попадиќ, по што и најмногу го памети македонската публика.

Комнениќ е роден во Пула, а во Белград завршува факултет за драмска уметност.

Беше првак на драма во Народниот театар во Белград.

Значајни улоги оствари и во сериите „Ќе се вратат штрковите“, „Сив дом“, „Горе Доле“, во филмовите „Мирис на дождот на Балканот“, „Бал на вода“, „Проклета е Америка“.

Добитник е на многу награди за својата работа.

Фото: Подобар живот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Граѓаните ќе добиваат бесплатни смс пораки со известувања за коронавирусот

Редакција

Ќе имаме продолжено лето, потопол период и постепено заладување во октомври и ноември

Редакција

Епископот г.Партениј посака благословен пост кој почнува во понеделник и добра Четириесетница

Редакција