еМагазин
Локално

Угина една од жирафите во Зоолошката градина: Тага по миленикот Тобого

Со голема тага и болка ве известуваме дека вчера ненадејно не напушти нашиот Тобого, објавија од скопската Зоолошка градина на нивниот Фејсбук-профил.

„Денеска беше направена обдукција при што не беа констатирани физички повреди и во наредните денови ги очекуваме целосните резултати.

Жирафата Тобого заедно со Каспер и Флопи беше меѓу омилените жители на скопската зоолошка. Тој беше миленик на вработените и на посетителите.

Роден е во Франкфурт на 09.12 2010 година, а жител на Скопје Зоо беше од 05.11 2013 година.

Сите сме неизмерно тажни и со скршени срца поради неговото заминување

Трчај во небесната савана Тобого, многу ќе ни недостасуваш на сите, но ќе останеш засекогаш запаметен“, напишаа од Скопје ЗОО.

Фото: Фејсбук/Скопје ЗОО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен гостиварец кој на Фејсбук објавил расистички статус

Редакција

Мајка пријавила син за семејно насилство, при приведување му бил одземен нож

Редакција

Комунална хигиена продолжува со подигање отпад во три смени секој ден во неделата

Редакција