еМагазин
Image default
Локално

Почина ловиџија откако бил застрелан од колега на планината Кожуф

На 03.11.2019 во 10.43 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на планината Кожуф имало повредено лице при лов, информира МВР.

Полициски службеници излегле на местото на настанот, на место викано „Мала рупа“ и констатирале дека М.Т.(31) од с.Богородица бил погоден од куршум од Б.Ѓ.(52) од Гевгелија и починал на местото на настанот.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош од Гевгелија. Б.Ѓ. бил приведен во полициска станица, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Биохемиската лабораторија на клиниката „Жан Митрев“ за време на викенд работи до 19 часот

Редакција

По пад во семејниот дом загина 35-годишен маж од охридско

Редакција

Откриен хероин кај затвореник во Идризово

Редакција