еМагазин
Image default
Локално

Почина тракторист по излетување од коловозот

На 09.02.2021 во 13.30 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека на регионалниот пат Крива Паланка-с.Огут, на место викано „Падини“, атар на с.Габар, М.Р.(55) од с.Габар, управувајќи трактор „ИМТ 533“, без регистарски ознаки, излетал од коловозот, информира МВР.

На местото на незгодата починал М.Р., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Несекојдневна измама во Скопје: „Портпарол“ му зел 750.000 денари за финансирање на кампањата за претседателските избори

Редакција

Велешанец се обидел да убие роднина заради долг од 3.500 денари

Редакција

Од денеска посебен сообраќаен режим кај наплатната станица Желино

Редакција