еМагазин
Image default
Македонија

Починаа четири лица во штипското Инфективно одделение

Четворица пациенти починаа на Инфективното одделение во штипска Клиничка болница.

Директорот на Клиничка болница, Ален Ѓеорѓијев вели дека од коронавирусот починати се тројца пациенти, од кои 52-годишен од Кочани и 68-годишен и 71-годишен од радовишкиот регион, а четвртиот битката со вирусот ја изгубил како сомнителен случај.

Попладнево почина и заменик – народниот правобранител во Штип, но ќе се евидентира во утрешниот здравствен билтен.

Ѓеорѓијев вели дека за разлика од пролетниот бран, сега во текот на есенските месеци поголем дел од хоспитализираните случаи се со тешка клиничка слика, од кои 14 се и во критична состојба.

На одделението имаат 20 пациенти на кои им е потребна кислородна поддршка. Во моментов на Инфективното и Кожно одделение се лекуваат вкупно 57 пациенти од целиот источен регион, а се размислува да се прошири болничкиот капацитет и на друго одделение.

„Во октомври имаме потрошено 13,5 тони медицински кислород, а во септември 6,5, што е двојно и покажува во каква состојба ни пристигнуваат пациентите во болницата“, вели Ѓеорѓијев.

Забележува дека во моментов имаат лекови, здравствена опрема за медицинскиот персонал, а во текот на утрешниот ден најавено е дека ќе пристигнат и донации од маски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во изминатите три дена нема починати од Ковид-19, дополнително пријавени две лица

Редакција

Починаа нови 10 лица од Ковид-19, девет во болнички услови и еден дома

Редакција

Нов земјотрес почувствуван во Делчево, Берово и Пехчево

Редакција