еМагазин
Image default
Македонија

Починатата родилка од Охрид и починатиот маж од Битола не биле заразени од корона вирусот

Резултатите на две лица кај кои постмортем е земен брис за тест на Ковид – 19, 66-годишниот маж од Битола и родилката од Охрид, која синоќа почина на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, се негативни на Ковид  – 19, соопшти Министерството за здравство.

„Мажот на возраст од 66 години, кој на 30.03 од страна на МВР при извршување на рутинска контола на лице во домашна изолација, беше пронајден починат во својот стан во Битола е негативен на коронавирусот.

Брисот беше земен истиот ден од страна на Центарот за јавно здравје во Битола и испратен во Скопје на анализа. Починатиот, по враќање од Англија бил во 14 дневна изолација, а истата требала да заврши на 30 март. Од познати комобирдитети, имал дијабет и хипертензија“, наведуваат од Министерството.

Негативен на Ковид -19 е и резулатот на родилката од Охрид, која доцна синоќа почина на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Пациентката на возраст од 37 години, посочуваат, беше вчера попладне донесена во Скопје со возило на брза помош во високо фебрилна состојба и со мртов плод.

Како што информираше Клиниката за гинекологија и акушерство по пристигнување, на пациентката уште веднаш и е направена целосна лабораторија и земен брис за Ковид-19. Лекарите оперативно го извадиле плодот, а од стомакот на мајката е евакуиран гној.

Причина за смртта е најверојатно сепса со масивна тромбемболија. Пациентката e пратена на обдукција по што ќе има егзактна дијагноза.

„Според извештајот на Клиниката, се работело за екстремно обезна пациентка, со телесна тежина од околу 150 кг, со висок крвен притисок и тахикардија, која  во последните пет месеци воопшто не се движела, а согласно податоците од докторите во Охрид, пациентката не ги извршувала ниту потребните гинеколошки контроли“, стои во соопштението од Министерство за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Гинекологија почина родилка од Охрид донесена со мртов плод, се утврдува дали имала коронавирус

Вработена во конфекција во Прилеп позитивна на коронавирусот, фабриката затворена

Кривична пријава за лице од Кочани за ширење лажна вест дека е позитивно на корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ најави масовни антивладини демонстрации есенва

Редакција

Трамп му пишал на Заев: Северна Македонија е голем партнер на САД, честитки за храброто лидерство

Редакција

Владата го овласти амбасадорот Талески да изрази согласност за приемот на Шведска и Финска во НАТО

Редакција