еМагазин
Image default
Македонија

Вработена во конфекција во Прилеп позитивна на коронавирусот, фабриката затворена

Во Прилеп има вкупно 12 заболени од корона вирусот со двата денешни потврдени случаи позитивни на Ковид-19, соопшти денеска на прес-конференција директорката на прилепскиот Центар за јавно здравје Драгица Николоска.

-Имаме уште два потврдени случаи позитивни на Ковид-19, што значи дека вкупната бројка се искачи на 12. Станува збор за маж и жена, на возраст од 61 и 64 години. Во моментов чекаме извештај за уште 5 брисови, за кои немаме никаква информација, а секојдневно во Институтот за јавно здравје во Скопје се пуштаат помеѓу 10 и 20 брисови, рече Николоска.

Николоска ја потврди информацијата за вчерашниот случај, кога беше потврдено уште едно новозаболено лице, станува збор за жена на возраст од 59 години, вработена во фабрика за текстилна конфекција од Прилеп.

-Од истиот момент фабриката е затворена и сите вработени се ставени во домашна изолација. Во моментов нема друга фабрика која е затворена, изјави Николоска.

Директорот на прилепската болница „Борка Талески“, Драги Богојески рече дека од попладневните часови во Инфективното одделение нема да има ниту еден пациент.

Единствениот пациент кој во моментов се наоѓа таму, како и претходните двајца, поради малку потешка клиничка слика ќе биде испратен на понатамошно лекување во Инфективната клиника во Скопје.

-Беа тројца, последниот кој е тука е со малку потешка клиничка слика и ќе биде упатен во Инфективна клиника во Скопје на понатамошно лекување. Сите тројца пациенти беа возрасни луѓе, над 65 годишна возраст со срцеви и белодробни хронични проблеми, рече Богојески.

Оливера Аџиоска, директорка на прилепскиот Здравствен дом, рече дека согласно со насоките на Министерството за здравство, во Прилеп ќе бидат отворени еден до два пункта за тестирање од коронавирусот.

-Од Министерството за здравство имаме насока секој Здравствен дом дополнително да отвори еден до два нови пункта за тестирање од коронавирусот. Треба процедурално да го изготвиме сето она што ни го посочија. Пунктовите треба да бидат изолирани, има протокол каде треба да се наоѓаат и како ќе биде сето тоа реализирано“, вели Аџиоска.

Според информацијата од прилепската полиција, во самоизолација се наоѓаат 212 граѓани на општина Прилеп, а поради нарушување на полицискиот час, денеска биле поднесени пријави против две лица.

МИА/Фото: Општина Прилеп

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лицата во изолација во Македонија ќе се следат преку мобилна апликација

12 пациенти со коронавирусот со потешка клиничка слика, од нив 5 се поставени на механичка вентилација

Медицинска сестра од Клиниката за пулмологија позитивна на коронавирусот

4 медицински сестри од Штип во самоизолација, имале контакт со пациентка со коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема јужноафрикански сој на Ковид-19 кај заболените туристи кои се вратија од Занзибар

Редакција

Османи денеска треба да се појави во суд за тужба за клевата

Редакција

Средба Османи-Фархан Ал Сауд: Голем потенцијал за директни инвестиции во земјава, како и пласман на земјоделските производи

Редакција