Почна изградбата на уште една висококатница во Аеродром што предизвика лавина реакции и револт кај граѓаните на оваа населба. Парцелата пред „Мајчин дом“ во Аеродром со површина од 3.538 квадрати денес е оградена со цел започнување на изградбата.
„Златко Марин веднаш да се повлече од функцијата, затоа што не успеада го исполни ветувањето кое го даде на Аеродромци“, реагираа граѓани на Фејсбук групата „Сакаме Аеродром да дише“.
Имено, стопирањето на овој објект и поништување на планот со кој е предвиден беше главен адут во предизборната кампања на сегашниот градоначалник на општина Аеродром, Златко Марин.
Фото:Фејсбук/Сакаме Аеродром да дише
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.